На Попова Шапка утрово -13 степени
Најстудено утрово е на Попова Шапка со -13 степени, во Маврови Анови се измерени минус осум, Крушево минус седум, во Крива Паланка и Берово минус шест, а во Скопје минус два степана. Минусни температури има и во Прилеп, Тетово, Битола, Куманово, Виница, Охрид, Штип, Кавадраци и Велес. Над нулата е само во Гевгели со еден степен, соопшти УХМР.
Во текот на ноќта времето беше претежно облачно. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Изутринава е облачно и студено, наместа дува слаб ветер од северен правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 3 степени.
Ново на Сител
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел