На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Демир Капија и Струмица
На Попова Шапка утрово се измерени - 3 степени Целзиусови и 47 сантиметри снежна покривка, додека 7 степени се измерени со Демир Капија и Струмица.
Во Лазарополе се измерени -1 степен, 1 во Маврови Анови и во Крушево, 2 Тетово и Битола, 3 Берово, Претор, 4 Охрид, Крива Паланка и Прилеп, 5 степени се измерени во Гевгелија Кавадарци, Дебар и Скопје-Зајчев Рид и 6 степени во Штип, Виница и Велес.
Во изминатите 24 часа до 07 часот утрово најмногу наврнат воден талог 28 литри на метар квадратен имало во Струмица, 10 Гевгелија, 8 Берово, 7 Штип, 6 Кавадарци, Виница, 5 во Претор, 4 Битола, Прилеп, Дебар, 3 Попова Шапка, Лазарополе, Крива Паланка и 2 во Велес, Крушево и Охрид.
Висината на снежната покривка е 34 сантиметри во Маврови Анови и Крушево.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд особено претпладне и од крајот на денот.
Максималната температура ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Ново на Сител
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза