Македонија
20. February 2024 - 12:23

На Охрид му недостасува средно музичко училиште

Во Охрид недостига средно музичко училиште. Моментално оние ученици кои сакаат да го продолжат своето образование патуваат во Струга, Битола или Скопје, а голем дел од тие кои сакаат музички да се дообразуваат се откажуваат од тоа поради патувањето и одделеноста од домот

.Директорот Џуклески вели дека не се откажува од дамнешната идеја бидејќи постои голем интерес за отварање средно музичко училиште кај учениците.

Просторни услови за нова паралелка има, а има и соодветен стручен кадар кој би ги спроведувал предавањата. 

Директорoт вели дека музичкото училиште располага и со доволен број инструменти, а особено го радува фактот што од година во година бројот на запишани деца расте.

ОМУ Методи Патчев брои 300 ученици и денес е расадник на музички таленти во земјава, а за тоа се доказ бројните признанија и награди од државни и меѓународни натпревари.