-->
-->
На Машински факултет во Скопје ќе се вештачи лифтот во кој загина шестгодишното момче
-->
Основното јавно обвинителство – Куманово издаде наредба за вештачење на лифтот во кој вчера загина 6-годишно момче. Вештачењето ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје и треба да ги утврди причините за несреќата,соопшти денеска обвинителството.
По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство. Во исто време, обвинителот издаде наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање на лифтот, како и прибирање на друга неопходна документација потребна за расветлување на случајот, се наведува во соопштението.Дополнително, уште во текот на вчерашниот ден издадена е наредба за обдукција на телото на починатото момче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Задутре почнуваат новите правила за влез и излез од ЕУ
-
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат психијатриска помош по трагедијата во Кочани
-
1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме – започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Преглед на вестите од светот
-
Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
-
Мицкоски: Историски инвестиции во општините
-
Филипче: Власта ги понижи лозарите
-
Ѓорѓиевски: Нов здравствен дом во Кисела Вода