На лотарија освоил шест милиони евра, но не се појавил да ги подигне
На засега непознато лице, кое пред шест месеци на белгиската Лотарија освоило шест милиони евра, се уште не му е врачена добивката, јавува Белгиското радио и телевизија (РТБФ).
Според прес-службата на Hационалната лотарија на Белгија, сумата од 6.176.000 евра, не била подигната до крајниот рок – 13 август.
Ова е вториот ваков случај во историјата, кога белгиската Национална лотарија покренува иницијатива за потрага по среќниот, но неагилен добитник.
Организаторите на лотаријата направиле се за да го откријат сопственикот на лозот со шесте среќни броеви, но без успех. Објавени беа огласи и во холандски, француски и германски медиуми. Исто така, плакати беа истакнати, во 3.400 трговски објекти.
По сево ова, парите одново ќе се влеат во главната добивка.
Ново на Сител
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев