На Клиниката за неврохирургија во Скопје првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија
На Клиниката за неврохирургија во текот на минатата недела првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic brain biopsy). Работниот тим што ја изведе оваа значајна интервенција се состои од д-р Роберт Шумковски, д-р Ивица Коцевски, д-р Љуљзим Агаи (неврохирурзи) и д-р Радмила Панговска (анестезиолог).
-Испишуваме ново поглавје во неврохирургијата. Големо е задоволството кога имаме развој во јавните здравствени установи преку воведување нови методи. Станува збор за минимално инвазивна постапка која се изведува со помош на рамка што се поставува врз главата на пациентот. Потоа, со помош на посебни тридимензионални пресметувања се планира точната локација на интервенцијата во внатрешноста на главата и се зема материјал за анализа, вели министерот за здравство Азир Алиу.
Како што информира Министерството за здравство, за да се дојде до овој резултат претходеле подготовки со тим на експерти од Бразил, предводени од проф. Маноел Јакобсен Теишеира од Универзитетот Сао Паоло, како и инженерот Антонио Мартос Калво.
-Посебна благодарност до тимот од неврохируршките сали и од одделот за континуираната подршка во тек на работниот процес, како и до Клиниката за радиологија за безрезервната и трпеливата подршка во процесот на организација на работниот процес. Оваа постапка нуди во иднина исклучителни можности за развој на функционалната неврохирургија и лекувањето на разните невро-дегенеративни заболувања, поради кои нашите пациенти согласно досегашната пракса се упатува на лекување во странство, појаснува директорот на Клиниката за неврохирургија, кој е дел од тимот, д-р Љуљзим Агаи.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: Сојузниците се подготвени да испратат војници во Појасот Газа ако Хамас продолжи да го крши примирјето
-
Николоски: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада
-
ЦУК: Координативен состанок со надлежните институции за подготвеност во зимскиот период
-
Вонредни инспекции во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради несобирањето на ѓубрето во Скопје
-
Кривична за пироман од Скопје, опожарил патничко возило во Кисела Вода
-
69-годишник од гостиварско излетал од патот со автомобил и починал на лице место
-
Кривична за управител на угостителски објект, ја тргнал налепницата и пломбата поставена од Државен пазарен инспекторат
-
Најскапиот стан во Центар продаден за 280 000 евра