Николоски: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада
Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада кој носи големи економски и политички придобивки, порача вицепремиерот и мнистер за транспорт Александар Николоски по средбата со министерот за бизнис и трговија од Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан во рамки на Самитот за Западен Балкан - Берлински процес кој се одржува во Лондон.
Тој најави голем број на средби со високи владини претставници на македонската владина делегација.
-Денеска ја започнуваме дводневната работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во која покрај мене е и министерката за финансии, минстерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за европски прашања. Главата цел зошто сме тука е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои ќе се одржат во текот на утрешниот ден. Берлинскиот процес го органиизра лично премиерот Кир Стармер и повторно ќе имаме чест во краток период од само 5-6 месеци премиерот Мицкоски да разговара со премиерот Стармер, изјави Николоски по средбата.
Најави дека во текот на денешниот ден ќе има прием кај неговото Кралско Височество, кралот Чарлс што, како што рече, е едно посебно достигнување и чест имајќи предвид дека Македонија во минатото не може да се пофали со ваква голема чест.
-Имаме доста средби со членовите на Владата, само што завршивме со средба со министерот за трговија и економија, најзначајниот министер за нас затоа што токму со овој ресор го потпишавме Договорот Влада со Влада со кој на Македонија и става на располгање 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти. Веќе разговаравме за развојот на брзата пруга на Коридор 10, каде добро напредуваат работите. Веќе почнаа да се работотат документите со цел почеток на работа, ветивме дека оваа есен почнуваме и еве почнуваме. По завршување на локалните избори кога ќе престанат ограничувањата од Изборниот законик ќе почнеме да работиме на болниците во Штип, Тетово и Кичево и секако на други на инфраструктурни проекти, посочи Николоски.
Во текот на утрешниот ден, додаде, ќе имаме и средба со директорот на Инструментот за меѓународна подршка на Обединетото Кралство, министерот за Европа и Северна Америка и со министерот за транспорт со кој ќе потпишеме меѓудржавен договор за соработка во делот на воздушниот сообраќај што, потенцира, ќе значи зголемување на можностите за директни летови од Англија кон Македонија за повеќе туристи и повеќе бизнис. Утре потенцира, че имаме средби и со неколку други министри.
-Тука се неколку финансиски институции со кои ќе разговараме за финансирање за реализација на големите проекти така што и политичката и економската димензија е огромна и навистина ќе имаме плодна дводневна посета во Лондон. Првата средба со министерот за трговија и економија покажува дека сме на добра патека и дека се силно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада меѓу Македонија и Обединетото Кралство, изјави вицепремиерот Николоски.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: Координативен состанок со надлежните институции за подготвеност во зимскиот период
-
Вонредни инспекции во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради несобирањето на ѓубрето во Скопје
-
Кривична за пироман од Скопје, опожарил патничко возило во Кисела Вода
-
69-годишник од гостиварско излетал од патот со автомобил и починал на лице место
-
Кривична за управител на угостителски објект, ја тргнал налепницата и пломбата поставена од Државен пазарен инспекторат
-
Најскапиот стан во Центар продаден за 280 000 евра
-
Јаневска и Андоновски на средба со Захариева: Македонија се фокусира на науката и иновации и добива зголемена поддршка од програмите на ЕУ
-
Левица: Два дена по избори - тони ѓубре во Ново Лисиче