-->
-->
На италијанскиот остров Лампедуза пристигнаа нови мигранти
-->
За неколку часа, 80 мигранти пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза.
Патролните чамци во близина на островот во Средоземното море најпрво пресретнале два помали брода со по 25 лица.
Тие биле однесени во центар за прием на мигранти, каде е откриено дека само 15 лица немаат државјанство на ЕУ, пренесе „Анса“.
Уште 30 државјани на Тунис утрово пристигнале на плажата во Кала Палма.
Тие исто така биле пренесени во прифатниот центар каде се сместени околу стотина мигранти, главно од северна Африка.
Како што пренесуваат медиумите, подобрувањето на временските услови ги зголемило фантомските пристигнувања на мали чамци, кои најверојатно соработуваат со поголеми бродови што шверцуваат мигранти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рубио нема да присуствува на мировните преговори за Украина во Лондон, соопшти Белата куќа
-
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне на повеќе места пороен дожд и грмежи
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година