На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
На италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети исплатена му е арбитражната казна од 110 милиони евра во Белгија, со пари од воздушниот простор на Албанија, кои беа блокирани на сметката на Еуроконтрол од декември 2020 година.
Евроконтрол пред три дена официјално ја известил албанската влада и компанијата „Албконтрол” дека извршителот на Бечети ја извршил арбитражната одлука, по одобрението што го добил од белгискиот суд.
Иако известувањето се чува во строга тајна, весникот Капитал ја потврдил веста од три независни извори во различни министерства, но и во Белгија.
-Најавата на Еуроконтрол за извршување на казната дојде како бомба за владата.
Соочувајќи се со овој факт, владата се обиде да ја ублажи ситуацијата координирано дистрибуирајќи ја во медиумите веста дека Бечети ги поткупил судиите на Арбитражниот суд и оти одлуката е донесена со корупција, наведува весникот.
Според истиот извор износот од 110 милиони евра е најголемата исплатена отштета во историјата на Албанија, која ја „плаќаат албанските граѓани во замена за ништо”.
Обесштетувањето е поради заплената на телевизијата „Агон канал“ во 2015 година, а во образложенето на судот стои дека тоа било „политички мотивирано“.
Според медиумите, исплатената отштета е еквивалентна на социјалната помош за три години што им се дава на најранливите категории граѓани или еден процент од БДП на земјата.
Албанските власти го товареа Бечети дека наводно „испрал“ 39 милиони евра во Албанија, за што Обвинителството во јуни 2015 година поднесе обвинение.
Налогот за негово апсење не се реализира бидејќи тој не беше во Албанија.
Во меѓувреме, заедно со телевизијата „Агон чанел“, му беа запленети четири други компании во негова или сопственост на неговата мајка.
Компаниите во рок од осум години, според Обвинителството, меѓу себе си префрлале милионски суми пари.
Обвинителството тогаш потврди дека истрагата започнала во 2014 година за кривични дела перење пари, затајување данок и фалсификување документи.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот