На ИФФК „Браќа Манаки“ денес 12 фестивалски содржини
Втората половина од 36. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ денес продолжува со 12 фестивалски содржини, односно проекции на кратки анимации, филмови во рамките на документарната програма, „Макпоинт“, „СЕЕ Камера“, „Нов Европски филм“ и секако филмови во конкуренција за највисоките фестивалски признанија.
Од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека претпладнево во малата сала на битолскиот Центар за култура мастер клас ќе одржи канадската продуцентка Хајет Бенкара која има долгогодишно искуство во работа за Интернационалниот филмски фестивал во Торонто.
Бенкара работела за Фестивалот во Кан, за Берлиналето, Фестивалот во Ротердам, Интернационалниот филмски фестивал во Дубаи, Филмскиот институт во Гуанахуато, и во последно време за Филмскиот фестивал во Локарно. Исто така, таа е визитинг-професор во Бингер лаб во Амстердам. Во текот на своето работење ги советува младите и етаблираните филмски творци и продуценти за развој, продукција, копродукција, дистрибуција, маркетинг и фестивалски стратегии и токму тоа ќе биде фокус на денешниот мастер клас во Битола.
Според програмата, денес ќе се одржи и панел дискусија на тема филмска критика, а попладне во чест на лауреатот, српскиот кинематографер и режисер Божидар Бота Николиќ ќе биде емитуван филмот „Три карти за холивуд“.
Публиката во Битола со голема љубопитност ги очекува и вечерашните проекции на американскиот филм „Платен убиец“ кој е еден од конкурентите за фестивалски награди, данскиот филм „Бридгенд“ кој се емитува во програмата „Нов Европски филм“ и хрватскиот филм „Звиздан“ во режија на Далибор Матаниќ кој на фестивалот во Пула освои 6 златни арени, а воедно го отвори сараевскиот филм-фестивал.
Ново на Сител
-
Од булевари и подземни улици до социјални мерки - Ветувања на кандидатите за градоначалници на Скопје
-
Локални избори 2025
-
Изборна кампања
-
Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица против АВМУ, останува без можност за платено рекламирање за изборите
-
Онлајн купувањето станува поскапо - 18% ДДВ и за нарачките под 22 евра
-
Одземени 46 концесии за рудници и активирани 4 банкарски гаранции за фотоволтаици
-
Орце Ѓеоргиевски најавува пуштање на подземната сообраќајница во центарот на Скопје
-
Шукова најавува отворање на младински центри по примерот на големите светски метрополи