На ГП „Богородица“ зголемена сообраќајната фреквенција за Велигден
Сообраќајната раздвиженост на ГП „Богородица“ од утрово е зголемена како резултат на продолжениот викенд поради прославата на Велигденските празници. Во моментот за излез од земјава не се чека подолго од десетина минути, потврдија за МИА од дежурната гранична служба.
– -За разлика од изминативе две пандемски години, во моментот забележлива е зголемена сообраќајна фреквенција од возила и автобуси. Во изминативе 24 часа, во двете насоки, границата ја поминале 7.500 туристи кои, поради вршење на задолжителните полициски и царински формалности, не се задржале повеќе од пет минути, велат од дежурната гранична служба.
Расположливите капацитети на ГП „Богородица“ се ставени во функција, а времето на чекање трае кратко и зависи од моментниот налет на сообраќајните бранови.
Малку подолго трае задржувањето на грчката граница поради дополнителната проверка на ковид сертификатите, ПЦР негативните тестови и брзите антиген тестови чија примена, според најавите од грчка страна, веројатно ќе бидат укинати по 2 мај.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми