На годишнината од несреќата кај Ласкарци Филипче се сретна со преживеана патничка и човекот кој и помогнал
Министерот за здравство Венко Филипче денеска на годишнината од трагичната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, присуствуваше на средба меѓу преживеана патничка и човекот кој и помогнал да се извлече од превртениот автобус.
– На барање на Седат, минатата година успеавме заеднички да ја најдеме Јасмина. Тоа беше еден навистина емотивен момент, кој потврдува дека хуманоста, солидарноста и пожртвуваноста за другиот се вредности кои ние како општество ги имаме и треба безрезервно да ги негуваме. И денеска сочувствувам со семејствата на загинатите и посакувам никогаш повеќе да не ни се случи ваква трагедија, истакна на средбата Филипче.
Тој изрази длабока благодарност до сите здравствени установи, служби и работници кои навремено, стручно и професионално одговорија на задачата, спасувајќи ги животите на повредените патници. Благодарност за целокупната грижа од страна на медицинскиот персонал упати и Јасмина која беше хоспитализирана во Градската општа болница „8 Септември“, каде се лекуваше повеќе од три недели, информираат од Министерството за здравство.
Во сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци беа повредени повеќе од 30 патници, а 16 патници ги загубија животите. На тој ден, целокупниот здравствен систем беше активиран, а здравствените работници направија сѐ за да ги спасат животите на тешко повредените.
Ново на Сител
-
На 19 ноември судењето за пожарот во Кочани, родители на загинатите очекуваат фер процес и одговорност
-
Уште два дена кампања, утре на полноќ почнува предизборниот молк
-
Шукова најавува развивање на градот северно од реката Вардар, изградба на булевари и враќање на пешачките зони
-
Ѓорѓиевски очекува победа уште во првиот круг од изборите
-
Кратово домаќин на меѓународен научен симпозиум и етно филм фестивал
-
Кадарот и возилата болна точка за пожарникарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартуваше интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“