-->
-->
На фудбалски меч во Ангола настрадаа 17 лица
-->
Најмалку 17 луѓе загинале а уште десетици се сериозно повредени во стампедо на фудбалски стадион во Ангола во петокот кога стотици навивачи се втурнале кон влезовите за да го следат натпреварот меѓу две локални екипи, објавија во саботата медицински извори.
Стампедото се случило во градот Уиге, на северот од Ангола, соопштија локални функционери.
„Луѓето загинале од задушување како резултат на притисокот од толпата. Некои газеле врз другите. Вкупно настрадале 76 луѓе, од кои 17 починаа“, изјавил за Reuters директорот на локалната болница, Ернесто Луис.
Според англиските и португалските медиуми, меѓу жртвите има и деца.
Стотици други се здобиле со полесни повреди кога навивачите навалиле на влезовите бидејќи не успеале да влезат на мечот на локалниот клуб Санта Рита де Касиа против гостинската екипа на Рекреативо ди Либоло’с.
И покрај инцидентот, натпреварот не бил одложен, а славеле гостите со 1-0.
Според очевидци, толпата навивачи се обидувала да влезе на стадионот кој има капацитет од 8.000 гледачи.
На интернет страницата на клубот Рекреативо ди Либоло’с се наведува дека се случила „трагедија без преседан во историјата на фудбалот во Ангола“.
Претседателот на Ангола, Хозе Едуардо дош Сантош наредил истрага за несреќата, пренесуваат медиумите повикувајќи се на неговиот кабинет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор
-
Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите за безбедност, рече Јакимовски
-
Граѓански организации бараат казни наместо време за прилагодување
-
Се намалува бројот на повредени кои остануваат на болничко лекување – критичните пациенти се подобри од вчера