На денешен ден е роден фудбалот

Најпопуларниот спорт во светот, за кој се тврди дека се играл и во древните времиња, официјално заживеа на денешен ден во Шефилд, каде е основан првиот фудбалски клуб во историјата. Се почна со двајца играчи на крикет кои барале замена за својот омилен спорт, со цел да ја одржат физичката форма за време на зимските денови.
Во 1855 година членовите на шефилдскиот крикет клуб ја шутирале топката без какви и да се правила, а потоа на 24 октомври 1857 година двајцата членови Нетениел Кресвик и Вилијам Прист го основаа фудбалскиот клуб „Шефилд“. Една година подоцна ги донесоа првите клупски, а воедно и првите фудбалски правила воопшто, подоцна наречени шефилдски правила. Новите клубови кои се формирале во околината си развивале сопствени правила, а дури во 1878 година после долга борба, протести и бојкот на натпреварувањата, шефилдските клубови се согласиле да играат според правилата на англискиот фудбалски сојуз, кој бил оформен во меѓувреме.
Првото локално дерби го одиграле во 1860 година против ривалот „Халам“ кој бил основан истата година. „Rules Derby“ се смета за најстаро фудбалско дерби во светот, коe и ден денес се игра.
Кога била основана првата професионална лига, а Aнгличаните почнале да градат професионални тимови, аматерскиот фудбалски клуб „Шефилд“ не можел да се носи со конкуренцијата и со помош на Сојузот го основале првото натпреварување исклучиво за аматерски клубови.
Шефилд денес игра во нижа фудбалска лига, на стадион со 250 места за седење и околу две илјади места за стоење и е во целосна сенка на многу поуспешните „Шефилд Јунајтед“ и „Веднесдеј“. Тие можат да се пофалат дека се единствен клуб, освен „Реал Мадрид“ кој го има добиено најголемото признание од ФИФА (FIFA Order of Merit) за посебен придонес во развојот на фудбалот.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за директорот на Комунална хигиена поради несобирање на ѓубрето во Скопје
-

Нова еколошката закана за Вардар: Граѓаните згрозени, дали институциите преземаат мерки?
-

ДИК: Избрани 44 градоначалници во прв круг, гласање во втор круг во 33 општини
-

3 дена до изборен молк, кандидатите ја бараат поддршката со конкретни проекти
-

Буџетот во 2026 година ќе тежи 6,7 милијарди евра
-

Меѓународен форум за енергетика
-

Академијата за обука на административните службеници ќе стартува во 2027
-

Преглед на вестите од светот
