На бриселскиот аеродром запленет кокаин во вредност од 4,3 милиони евра

Белгиската полиција приведе две лица на аеродромот „Завентем“ во Брисел, откако во нивните куфери биле пронајдени над 108 килограми кокаин, чија вкупна вредност на црниот пазар се проценува на најмалку 4,3 милиони евра.ж
- За време на царинска проверка на аеродромот во Брисел, во куферите на две лица беше пронајдено големо количество кокаин. Вкупното количество се проценува на нешто над 108 килограми, соопшти белгиското Јавно обвинителство.
Вниманието на царинските службеници го привлекло тоа што куферите на осомничените, на возраст од 19 и 23 години, биле „значително потешки“ од дозволеното.
Извори од истрагата за белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ изјавиле дека во овој случај не станува збор за класични шверцери на дрога.
- Ова е дело на криминална организација која потплатува луѓе на аеродромите со цел да пренесат куфери полни со дрога со авион, изјавил истиот извор.
Според него, овие организации ангажираат луѓе кои на некој начин добиваат пристап до просторот на аеродромот каде пристигнува багажот и едноставно ги земаат куферите со дрога.
Ново на Сител
-

Велика Британија од денеска ќе бара патни дозволи од 85 земји
-

Франција прогласува 294 општини за подрачја погодени од природна катастрофа
-

Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул, загина пилотот
-

Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени
-

Global Digital City 2026 во Тетово
-

Без струја делови од Центар, Чаир и Студеничани
-

Министерот Љутков во работна посета на Кичево по изборот за Град на културата 2026
-

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
