Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени

На Попова Шапка изутрина во 7 часот измерени се - 4 степени и има 89 сантиметри снежна покривка. Минусни температури се регистрирани и во Mаврови Анови, - 2 и во Охрид -1, а 0 степени во Битола и Kрушево. Во Берово и Претор, 1 степен над нулата, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Виница и Крива Паланка, 2, Скопје-Петровец, Струмица и Штип, 4, Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци, 6, а во Гевгелија 10 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 километри на час). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
МИА
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
