-->
-->
На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути
-->

На граничните премини „Богородица“ и на „Табановце“ од македонска страна се чека 20 до 30 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Белата куќа воведува ново правило со кое се ограничува пристапот за новинарите
-

Посебен режим на сообраќај на градските гробишта Бутел поради задушница
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Препладне магла по котлините, попладне сончево
-

Српската Влада го прогласи 1 ноември за Ден на жалост
-

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби
-

Победа за Вардар од пенал во судиското надополнување
-

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп
