Живот
25. December 2018 - 14:02

На Бадник беа среќно американско семејство: На Божиќ им се случи хорор, нерешената мистерија ги прогонуваше до смрт

Џорџ и Џени Содер, италијански мигранти, живееја во Западна Вирџинија во голема куќа со своите девет деца. Беа обично семејство доселеници кои го остварија „американскиот сон“, и по ништо не се разликуваа од другите.

Беше ден Бадник 1945 година. Таткото и мајката отишле во кревет со 2-годишното девојче Силвија, додека нивните постари деца - Морис (14), Марта (12), Луис (9), Џени (8) и Бети (5) останале будни, наизглед играјќи се, пишува порталот Виралнова.

Најстарите синови, Џон (23) и Џорџ Џуниор (16) веќе заспале после целодневната напорна работа. Најстарата сестра Марион внимавала на своите помали браќа и сестри додека не заспала.

На Бадниковата вечер 1945, односно на овој ден пред 73 години, заспаните членови на семејството Содер ги разбудил мирис на чад. Таткото и мајката успеале со четири деца да побегнат од куќата, но пет малечки останале во куќата и целосно изгореле.

Сепак, по истрагата не е пронајдено ниту едно тело! Тогашната полиција сметала дека ова е невозможно зошто куќата изгорела многу брзо за да може телата на несреќните деца да бидат кремирани, па случајот го прогласиле за киднапирање.

Семејството поставило билборди, биле вклучени и медиумите, а распишана била и потерница и награда за било кој што ќе јави некоја информација, но од децата немало никаква трага.

А потоа, 20 години после пожарот, 1967 година Содерови преку пошта, примиле писмо без повратна адреса. Изгледало дека на неа е Луис, нивниот син кој наводно изгорел во пожарот заедно со браќата и сестрите.

На сликата позади пишувало: „Луис Содер. Го сакам братот Френки и дечињата A90132” 

Несреќните родители се обиделе повторно да ја истражат судбината на своите деца, но починале без да откријат што навистина се случило.

Билбордите кои ги поставиле можеле да се видат долж патиштата во Западна Вирџинија. Од целото семејство Содер денеска е жива само најмладата ќерка - Силвија. Таа и нејзините деца се трудат приказната за тоа што се случило со нејзините браќа и сестри никогаш да не биде заборавена.