МЗШВ во Брисел го почна објаснувачкиот скрининг за кластерот 5 - „Ресурси, земјоделство и кохезија“
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) го почна објаснувачкиот скрининг за кластерот 5 - „Ресурси, земјоделство и кохезија“ во Брисел. Како што соопшти, според скрининг агендата, македонската делегација ќе го следи објаснувачкиот скрининг до 20 јули.
Во состав на делегацијата се претставници од надлежните институции во областа - МЗШВ, Платежна агенција, Агенција за храна и ветеринарство и Државен инспекторат за земјоделство.
-Кластер 5 е еден од најважниот и најобемен кластер кој регулира 5 Поглавја од областа земјоделство и рурален развој, безбедност на храната, ветерина и фитосанитарна политика, рибарство, регионална политика и координација на структурните инструменти, како и финансиските и буџетски одредби. Над шеесет проценти од целото законодавство на ЕУ припаѓа на Поглавје 11 - земјоделство и рурален развој, 12 - безбедност на храната, ветерина и фитосанитарна политика и 13 - рибарство, наведува МЗШВ.
Во текот на овие четири дена од објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, експерти на Европската Комисија ги презентираат пред делегациите на Северна Македонија и Албанија новите директиви и регулативи од легислативата на ЕУ донесени после 2019 година. Со завршување на објаснувачкиот скрининг, МЗШВ го почна процесот на скринингот на европското законодавство и во перидот октомври-ноември 2023 година ќе одржи билатерален состанок со Европската Комисија.
Ново на Сител
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар