МЖ Инфраструктура: Исклизнат вагон од товарен воз кај Демир Капија
Вагон од утринскиот товарен воз кој се движел на релација Гевгелија-Скопје во 8 часот и 31 минута исклизна на излез од тунелот кај Демир Капија на отворена пруга, при што се оштетени дел од колосеците, сигналите и вагонoт, соопштува Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура.
Од МЖ Инфраструктура напоменуваат дека станува збор за исклизнување на вагон, а не излетување на воз.
Комисија за увид и расчистување на настанот е на терен при што ќе ги утврди причините поради кои се случил инцидентот.
- Екипите за одржување на ЈП Македонски железници Инфраструктура веднаш излегоа на местото на настанот и се преземаат ургентни мерки согласно ваквите случаи кои се карактеристични во железничкиот сообраќај, со цел да се ослободи пругата за сообраќај, се вели во соопштението од ЈП Македонски железници.
Ново на Сител
-
Почнаа преговорите со САД за намалување на високите царини кои ни ги наметна Трамп
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени