МЗ: Шест месечно бебе со вродена аномалија почина од Ковид-19
ИЈЗ денеска во извештајот доставен до МЗ, пријави починато дете на шест месечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на 03.01.2022.
Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија.
Со цел постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиника за детска хирургија. По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на Клиниката, на 03.01.2022 доаѓа до дополнително влошување на општата состојба.
Лекарите на Клиниката ги превземаа сите мерки за интензивно лекување и реанимација, но и покрај тоа за жал малиот пациент заврши летално.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата