МЗ: Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починатиот донор се чуствуваат добро
Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чуствуваат добро.
Трансплантацијата беше извршена кај 44 годишен маж кој беше на хемодијализа и кај 30 годишна жена која беше на перитонеална дијализа. Во процесот на трансплантација на бубрези учествуваа моите колеги од Клиника за нефрологија -проф. д-р Гоце Спасовски, д-р Лада Трајческа, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Зоран Јаневски, д-р Владимир Пушевски и медицинските сестри Виолета Танчевска и Даниела Урдаревиќ.
Од Клиниката за урологија д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Димитар Трајковски, д-р Виктор Станков и д-р Александар Јосифов, заедно со тимот инструментари, болничари, транспортери и медицински сестри од Центарот за трансплатација на бубрези. Анестезијата ја водеа д-р Александра Петрушева, д-р Александра Гавриловска и д-р Билјана Андоновска. Во процесот учествуваа од Институт за трансфузиона медицина проф. д-р Кочо Димитровски, биолози Персида Кадиева и Симона Караџовска.
Пациентката која ги донираше органите, со мозочна смрт ја дијагностицираа д-р Весна Дурнев, д-р Билјана Андоновска, д-р Маја Мојсова Мијовска - национален координатор за трансплантација, во соработка со д-р Менка Лазарева од Рентген институтот и д-р Жан Зимбаков и д-р Елена Груева од Клиниката за кардиологија.
Ново на Сител
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во дискотека во Кочани
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
-
На Македонија и се заканува епидемија од морбили - опфатот лани помал од 2023
-
Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
-
Државна ревизија открива слабости во договорените јавно-приватни партнерства
-
Преглед на вестите од светот