МВР во недела ќе користи дронови за безбедно одржување на изборите
Министерството за внатрешни работи (МВР) во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, информираат од МВР.
-Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија - дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и преземање на соодветни мерки и активности во случај на инциденти, соопшти МВР
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од било какви активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.
Во текот на изборниот ден, како што најавуваат, МВР соодветно ќе ја информира јавноста за одвивањето на изборниот процес.
МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија туку вредност и насока
-
Филипче: СДСМ победи во три општини во првиот круг, граѓаните помасовно да излезат во вториот круг
-
Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи, во Вевчани победи Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ
-
Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на Чаир
-
Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, а Меџити во Чаир
-
ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново
-
Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО - ДПМНЕ во Битола
-
Тодорче Николовски прогласи победа во прв круг во Кратово