-->
-->
МВР: Специјалците влегоа во Собранието, досега евакуирани само 30 пратеници
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2017/april/133673864-117522.jpg?itok=LyirUlm5)
Денеска (27.04.2017) околу 18,50 часот граѓаните кои протестираа во организација на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“, насилно влегоа во просториите на Собранието на Република Македонија. Во нарушувањето на
јавниот ред и мир со повреди се здобиле неколку пратеници во Собранието и неколку цивили. При обидот да бидат спречени во намерата 10-тина полициски службеници се здобиле со повреди при што беа префрлени на скопските
клиники.
Во оперативниот штаб на Министерството за внатрешни работи присутни се сите раководители: Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу, Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков, Заменик Директорот на
Бирото за јавна безбедност г-дин Бесир Деари, Помошници на министерот, Помошници на директорот како и останатите раководители-членови на Оперативниот штаб.
Во Оперативниот Штаб 20:08 часот - Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков, издаде наредба на припадниците на специјалната единица да применат овластување и да создадат услови за безбедна евакуација на
пратениците и воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. Во 20:27 часот припадниците на специјалната единица влегоа во Собранието на Република Македонија и до 20:43 часот евакуирани се 30 пратеници.
Мерки се преземаат и понатаму во Собранието. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија дополнително ќе ја извести јавноста за натамошните случувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра