Македонија
6. April 2017 - 15:37

МВР со детали за труење во полициската академија во Скопје

Денес во Центарот за обука на Министерството за внатешни работи, поточно во времето околу 08 и 20 часот, при спроведување на ут­ринска смотра со слушателите на основна обука за полицаец, Генерација 2017/18 година, во присуство на дежурните  на Центар за обука, Ко­ман­ди­рот на класа како и други дисциплински старешини, тројца слушатели од непознати причини паднале во бесознание, по што веднаш од страна на дисциплинските старешини било интервенирано. Истите се извлечени од строј и им е укажана прва помош по кој истите изјавија дека се чуствуваат по­до­б­ро.

Во меѓувреме на тегоби и вртоглавици се пожалиле уште неколку слу­ша­те­ли, за што од страна на Дежурните на Центар и Командирот на класа ут­рин­ската смотра е прекината, а кандидатите упатени се во училници.

За настанот веднаш е повикана Брза помош и околу 09:10 часот пристигна едно амбулантно возило од Итна медицинска помош, и од страна на ме­ди­цинскиот персонал им се извршени медицински прегледи на 38 слушателите. Три од лицата со амбулантното возило од Итна медицинска помош се пренесени во Кли­нич­ки центар, две од нив се пуштени веднаш по дополнителниот преглед додека едно лице е задржано.

 За целиот настан се запознаени соодветните органи во Ми­нис­тер­ст­во­то за внатрешни работи, кои во координација со Агенција за храна, околу 11.30 часот од  објектот за исхрана во Центар за обука,  подигнале при­ме­роци од храна за понатамошно постапување.