Музалас: Присуството на Фронтекс на северните грчки граници не е новост
Грчката Влада уште во септември поднесе барање до Фронтекс да ги штити северните граници на Грција, изјави грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас, со што ги потврди информациите на германскиот весник „Шпигел“.
- Да, се разбира дека тоа е вистина и јас сум изненаден што ова прашање повторно се појавува. Уште во септември ние го поканивме Фронтекс и врз основа на плановите на Европската унија, агенцијата, како и во другите земји, работи на северните граници и на границата со Албанија за да се намалат секундарните бегалски текови, изјави Музалас за грчката државна новинска агенција АНА-МПА.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Музалаз рече дека барањето било поднесено како дел од напорите „да се избегнат секундарните текови, а тоа е нелегално движење на бегалци кон други земји“, истакнувајќи дека тоа „нема никаква врска“ со договорот меѓу ЕУ и Турција.
- Грчката Влада се обидува да ја зголеми легалната релокација кон Европа, и не сакаме, ниту имаме намера да поттикнеме илегална миграција, додаде тој.
- На овој начин ги побиваме лагите од страна на земјите од Вишеградската група и Австрија, кои се шират преку некои извори и тврдат дека границата илегално ја минуваат повеќе од 700 луѓе дневно. Тоа е запрено, изјави Музалас.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче