Музалас: Договорот меѓу ЕУ и Турција мора да се применува
Договорот меѓу ЕУ и Турција мора да се применува, изјави грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас, истакнувајќи дека не само Анкара, туку и Унијата може да го прекрши договорот, наведувајќи го ставот на чешкиот претседател како пример.
Во изјава за телевизијата „Скај“, Музалас истакна дека Турција работи согласно договорот и оти Европската комисија и другите европски лидери секој ден се обидуваат да го прават истото.
- Ако договорот не успее, ќе се соочиме со тешки предизвици. Ако повторно почнат да доаѓаат големи бранови мигранти, тогаш ниту една земја нема да биде во можност да се справи со нив ... Се плашиме, се подготвуваме и свесни сме дека ако проблемот се врати тогаш ќе се соочиме со тешки предизвици, рече тој.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Музалас, исто така, рече дека од 60.000 бегалци и мигранти во Грција, 30 до 40 илјади имаат право да заминат за Европа, но има одложувања.
- Четири илјади лица беа преселени и имаме уште 4.000 подготвени да ја напуштат земјата, но не постојат слободни места во Европа, рече тој.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај