Мустафа: ЛДК нема да коалицира со оние кои не избираат средства да бидат дел од Владата
Косовскиот премиер во заминување, Иса Мустафа, упати остри критики кон претставниците на „Листа српска“ и кон оние кои „сакаат заедно со нив да формираат влада“.
Мустафа смета дека на Косово му е потребна влада со мнозинство Албанци, која целосно ќе ги почитува правата на немнозинската популација.
На својот профил на Фејсбук, Мустафа, лидер на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), наведува дека „не се формира Влада на Косово со Радојчиќ и Веселновиќ, ниту со коцкари и криминалци“.
„ЛДК нема да соработува со оние кои не избираат средства за да бидат дел од Владата, туку ќе соработува и ќе биде дел од извршната власт единствено со оние кои не се диктирани од криминалот и од Листа српска за да владеат со Косово“, посочи Мустафа на Фејсбук.
Претходно неговиот коалициски партнер во изборите, Беџет Пацоли, лидер на Алијанса за Ново Косово (АКР), повика на формирање Влада на национално единство, за излез од политичката криза.
Партијата на Мустафа експресно ја отфрли оваа идеја на Пацоли, потсетувајќи дека во изборната платформа на ЛДК-АКР-Алтернатива стои оти нема да прифатат постизборна коалција со Демократската партија на Косово (ПДК) и дека ЛДК тој став не го менува.
Ново на Сител
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО
-
Вучиќ: Армијата е речиси целосна екипирана, одлучено е да се продолжи со концептот на дигитална армија
-
Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност
-
Демант од МВР на наводи од Левица