Муслимански лидери го предупредуваат Трамп за последиците ако го признае Ерусалим за главен град на Израел
Признавањето на Ерусалим за главен град на Израел од страна на Администрацијата на Доналд Трамп ќе го поттикне фанатизмот и насилството и нема да биде во интерес на мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците, предупреди синоќа првиот човек на Арапската лига.
- Очајно е што некои настојуваат на реализирањето на тој чекор, без да се земат предвид опасностите кои тој ги претставува за стабилноста на Блискиот Исток и целиот свет, изјави во Каиро генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит.
Јордан вчера го предупреди Трамп какви опасни последици може да предизвика таков чекор од негова страна, откако беа објавени шпекулации дека тој може да се произнесе по ова прашање уште оваа седмица.
- Таквата одлука ќе предизвика гнев меѓу Арапите и муслиманите, ќе ја зголеми затегнатоста и ќе ги упропасти напорите за постигнување мир, напиша на Твитер јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади.
Како што претходно јави МИА, зетот и близок советник на Трамп, Џаред Кушнер, синоќа изјави дека американскиот преседател се уште не донел одлука за премествање на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим.
- Претседателот на САД и натаму ги разгледува големиот број факти пред да ја објави својата одлука за ова прашање, што најверојатно ќе се случи следната недела, изјави Кушнер на Годишната конференција за американската политика кон Блискиот Исток, што се одржа во Вашингтон во организација на Институтот „Брукингс“.
Пред неколу дена американската Администрација соопшти дека Трамп размислува да го пресели седиштето на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим, што практично би се сметало за негово признавање за израелски главен град.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера