Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

- Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска во Киев имаше средба со заменик-претседателката на Владата на Украина, задолжена за европски и евроатлантски интеграции, министерка за правда и главен преговарач за членство на Украина во ЕУ, Олга Стефанишина. Во фокусот на средбата беше потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу Северна Македонија и Украина за прашања поврзани со интеграцијата во ЕУ, за што назначени како потписници во името на Владите на двете земји се нивните главни преговарачи со ЕУ, Муртезани и Стефанишина.
Соговорниците констатираа дека Меморандумот за разбирање е значаен чекор во градењето на поблиска соработка меѓу двете земји, со цел размена на знаење и искуства кои ќе придонесат за поуспешно остварување на заедничките цели за членство во Европската Унија. Министерот Муртезани изрази подготвеност Северна Македонија да го сподели своето искуство од пристапниот процес со Украина, нагласувајќи дека размената на добри практики ќе биде од исклучително значење. Меморандумот опфаќа размена на искуства и знаења во различни области, вклучувајќи законодавство, судски реформи, борба против корупција и организиран криминал, како и промоција на европските вредности.
Страните се обврзуваат да соработуваат во унапредување на институционалните капацитети, како и да разменуваат експертиза за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Меморандумот исто така предвидува организирање на заеднички настани, обуки и иницијативи за поддршка на европската интеграција на Украина и Северна Македонија.
Заменик-претседателката на Владата на Украина, Стефанишина, изрази благодарност за континуираната поддршка од Северна Македонија, посочувајќи дека заемната соработка е од суштинска важност за европската перспектива на двете земји. Таа истакна дека Украина гледа на Северна Македонија како партнер и пријател во евроинтегративниот процес.
На средбата се разгледаа и можностите за продлабочување на регионалната соработка преку заеднички проекти и иницијативи, особено во области каде преку тесна соработка би можеле да се зајакнат напорите на двете земји за пристапување во Унијата.
Муртезани и Стефанишина се согласија дека унисониот пристап во решавањето на заедничките предизвици и искористувањето на можностите што ги нуди процесот на интеграција во ЕУ, се од круцијална вредност како за Украина, така и за Северна Македонија. Тие ја подвлекоа заемната посветеност за координирано делување во унапредувањето на стабилноста, растот и европските вредности во регионот.
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
