Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул

Северна Македонија останува цврсто посветена на процесот на пристапување кон Европската Унија, кој претставува клучен двигател на реформите, владеењето на правото и зајакнувањето на институциите, е пораката на претседтелот на Собранието Африм Гаши кој со делегација на Собранието на Република Северна Македонија учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 15 до 19 април во Истанбул. Главна тема на собранието е „Негување надеж, консолидирање на мирот и обезбедување правда за идните генерации“.
Како што соопштија од собраниската служба за информирање, претседателот Гаши, на генералната дебата, истакнал дека светот се соочува со сериозни предизвици, како притисоци врз демократијата, бројни конфликти и продлабочени социјално-економски нееднаквости. Тој го истакнал и Договорот од Преспа како пример за успешно решавање на долготрајни спорови преку дијалог, политичка храброст и меѓусебна почит.
Гаши го потенцирал и фокусот на дигиталната трансформација и одговорната употреба на вештачката интелигенција, во согласност со европските и меѓународните стандарди, како и преземањето мерки за одржлив развој, намалување на сиромаштијата, енергетска транзиција и справување со еколошките предизвици.
Осврнувајќи се на улогата на младите, Гаши истакнал дека нивното поголемо учество во политичките процеси е од суштинско значење за правична застапеност на идните генерации.
Пратеникот Никола Мицевски учествувал во работата на Комисијата за демократија и човекови права, каде се одржала стручна расправа на тема инклузивен социјален развој и унапредување на правата на лицата со попреченост. Според него, парламентите имаат клучна улога во создавањето инклузивни општества, преку законодавни решенија и поттикнување општествен дијалог.
Во делегацијата која ја предводи Гаши, се пратениците Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Арбана Пашоли и Јована Мојсоска, како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, која учествува на Заседанието на Здружението на генерални секретари на парламенти.
МИА
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
