Фудбал
27. February 2017 - 15:03

Мурињо: Златан мора да остане уште една сезона

Никогаш не сум молел играч да игра за мојот тим и да потпише нов договор но ако е потребно навивачите може да отидат до неговата куќа и таму да останат цела ноќ- изјави Жозе Мурињо во желбата Златан Ибрахимовиќ да остане уште една сезона во Манчестер Јунајтед. 
Швеѓанецот летото како слободен играч од ПСЖ мина во Јунајтед со кој потпиша едногодишен договор со опција да го продолжи за плус една. 
Ибра во кариерата има 32 трофеи а со Мурињо веќе го освоија лига купот откако вчера го совладаа Саутемптон со 3-2. Со Интер заедно ја освоија Лигата на шампионите и затоа популарниот напаѓач изјави дека ужива да освојува трофеи и да игра во Англија.