Мурињо: За Севиља финалето во Лига Европа е вообичаена работа, за Рома е нешто извонредно
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги искажа своите очекувања за вечерашното финале со Севилја во Лигата на Европа.
- Поминавме долг пат, за разлика од нашиот противник кој дојде овде од Лигата на шампионите. Поминавме 14 натпревари за да бидеме тука и секако го заслуживме финалето. Нашето време доаѓа. Би рекол дека историјата не навлегува на терен, иако колегата мисли поинаку. Севилја верува дека традицијата им дава предност и ние тоа го почитуваме. Но, заслуживме пласман во финалето. За нив финалето во Лига Европа е вообичаена работа, за нас е нешто извонредно. За нив финале во европските купови е како лигашки натпревар, за нас тоа е историски настан, изјави Мурињо.
Последниот натпревар за сезоната 2022/23 во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа ќе се игра вечер од 21 часот на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.
Победникот на Лигата Европа ќе избори право на настап следната сезона во Лигата на шампионите.
Севилја е најтрофеен тим во ова натпреварување со шест титули, Рома нема ниту една.
Ново на Сител
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
-

Тема на денот со Трпе Стојановски, експерт за миграции
-

Судење за „Пулс“
-

Насилен упад во редакцијата на Инфомакс, напаѓачот е приведен, здруженија и партии бараат најстрога казна
-

Предлогот за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието
-

Филипче повика на обединување против мигранти
-

За да земаат поголеми плати, судии бараат од Уставен да ги укине намалените коефициенти за пресметка
