-->
-->
Мун: Нема да има војна на Корејскиот Полуостров
-->

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин изјави денеска дека нема да има војна на Корејскиот Полуостров, иако се зголемени тензиите по последната нуклеарна проба извршена од Северна Кореја.
Тој истакна дека разговарал со лидерите на Русија, Јапонија и САД за тоа како да се реши кризата околу Северна Кореја.
На Источниот економски форум во рускиот пристаништен град Владивосток, Мун изјави дека овие лидери треба да разговараат за предложените нови санкции кон Северна Кореја, со кои се обидуваат да ја решат кризата по дипломатски пат.
Мун потенцираше дека Русија би требало да продолжи да врши притисок врз Северна Кореја.
- Благодарен сум и на Русија на нејзиното активно учество во однос на овој проблем, изјави јужнокорејскиот претседател.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шведска со порака: Уставните измени мора да се спроведат
-

Ден на даночните работници
-

АДКОМ и РКЕ со иницијатива за нов тарифен модел за водните услуги
-

Да не дозволиме попреченоста да го дефинира човекот како личност
-

Преглед на вестите од светот
-

Mицкоски: Градинките и училиштата ни се приоритет, наместо платите на судиите и обвинителите
-

Teма на денот со Лилјана Поповска, поранешна пратеничка
-

Пет ученици се хоспитализирани од О.У „Димо Хаџи Димов”, причината за симптомите ќе се знае утре
