Мун: Јужна и Северна Кореја треба да потпишат мировен договор
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска побара да се склучи мировен договор со Северна Кореја, со цел официјално да заврши војната помеѓу двете држави.
- Време е 65-годишното примирје да биде крунисано со мировен договор, откако ќе биде прогласен крај на војната, посочи Мунм
Тој додаде дека за да се потпише мировен договор, Северна Кореја треба да се откаже од својата нуклеарна и балистичка програма.
- Ако на самитот на Северна и Јужна Кореја, а потоа на средбите помеѓу Северна Кореја и САД се договори денуклеаризација на Полуостровот, нема да биде тешко да се нармализираат односите на Пјонгјанг со другите држави, наведе Мун.
Тој истакна дека тоа би можело да обезбеди меѓународна економска помош за Северна Кореја.
Јужнокорејски и кинески неименувани извори тврдат дека Ким Џонг-ун е согласен за денуклеаризација во замена за повлекување на американските војници од Јужна Кореја. Тогаш Сеул нема да биде под американскиот нуклеарен чадор.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица