Loading Video...
Македонија
14. April 2025 - 16:35

Муцунски од Луксембург: Крајно време е Македонија да ги започне преговорите со ЕУ

Крајно време е Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, а потоа по основа на критериуми и стандарди да се преговара со Брисел , порача шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцински од Луксембург. По неформалниот состанок со министрите на ЕУ, Муцунски ги повика европските челници да најдат начин билатералните спорови да не бидат кочница во интегративниот процес. 

Додека македонската влада очекува Брисел да најде начин како да запре билатерализацијата на интеграциите, шефот на бугарската дипломатија најавува дека уставните измени се само почеток на нивните барања за Македонија. Според Софија условите од кои зависи интеграцијатазависат од европски консензус на кој Македонија мора да се придржува.

Муцунски седна на маса и со еврокомесарката за проширување Марта Кос, на која била потврдена неопходноста од забрзување на евроинтеграцискиот процес. Заеднички била потврдена и посветеноста на Владата кон реформската агенда и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, што претставува потврда за стратешката ориентација на државата, потврдија од МНР.
Поддршка за интегративниот пат Македонија доби и од Луксембург, по средбата на Муцунски со неговиот колега Гзавие Бетел.