Муцунски на Министерска конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре учествува на Министерска конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина, која се одржува во Монтреал, Канада. Конференцијата е организирана во копартнерство од страна на министерствата за надворешни работи на Канада, Норвешка и Украина.
На конференцијата, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се очекува министрите да разменат мислења и ставови околу враќањето на воените заробеници и незаконски притворените цивили како резултат на руско-украинската војна, како и за изнаоѓање најсоодветни механизми за враќање на незаконски раселените и присилно депортираните украински деца од страна на Руската Федерација.
- Дополнително, се очекува од конференцијата да произлезе акциски план за ослободување на притворените цивили, воени и политички заробеници, како и за враќање на депортираните деца. Планот ќе опфати и мерки за нивна рехабилитација и повторна реинтеграција со нивните семејства по враќањето во татковината, се наведува во соопштението.
Во рамки на конференцијата, предвидено е Муцунски да оствари и неколку билатерални средби.
Ново на Сител
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“