Му испратила селфи на братот, а минута потоа брутално е убиена: Ја задавил човекот од фотографијата зошто не сакала секс со него
Мајка на две деца му испратила селфи на братот, а само неколку минути потоа ја задивил човекот кој ја возел зошто не сакала секс со него. Оваа вест ја објави руската полиција која верува дека токму тоа и се случило на Олга Емељанова.
За убиството е осомничен Расим Садиков (30). На жената која неодамна се развела од својот сопруг и ветил дека ќе ја однесе на романтичен пикник во предградиоето Салаванта на југот од Русија. Се претпоставува дека Олга го запознала на интернет страница за барање на партнер.
„Некаде ме вози“ му напишала Олга на братот. Кога ја прашал: „Дали во шума?“, му одговорила:
„Да!“.
Садиков во полиција рекол дека Олга ја задавил со јаже, а потоа нејзиното тело го скрил во грмушка. Органите на редот неколку дена потоа го нашле телото на несреќната жена.
„Мислел дека извршил совршено злосторство. Се ослободил од телото и доказите, и дури се преселил во друг град. Сведоци за страшното злосторство немало, но не сметал на една работа. Неговата жртва снимила селфи и го испратила на братот пред смртта. Кратко по пораката, Олга повеќе не била на мрежата и не одговарала на повиците. Нејзиното семејство потоа отишло во полицијата, пренесува телевизијата НТВ.
Убиецот рекол дека се било романтично додека Олга не ја зграбил за блузата. Потоа се сеќава само дека „раката му полетала“ кон вратот и ја задавил жртвата.
Садиков е во двомесечен притвор додека трае истрагата. Доколку го осудат, би можел да добие 15 години робија.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер