МТСП: Во тек е етапната исплата на пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека етапната исплата на пензиите за месец мај е во тек.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник);
-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник);
-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и
-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток).
Пензионерите кои користат платежна картичка, можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Ново на Сител
-
Преку зголемена транспарентност и политичка комуникација до одговорни институции
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции