Мразот на Гренланд се топи сè побрзо
Гренланд го губи мразот седумпати побрзо отколку во 1990-тите, посочува истражувањето на меѓународен тим научници, кои проучувале сателитски снимки од временски период од 26 години. Заклучоците се објавени во угледното научно списание „Нејчр“.
Проценката посочува дека островот Гренланд загубил 3,8 трилиони тони мраз од 1992 година досега. Тоа значи 10,6 милиметри повисоко морско ниво, пренесува БГНЕС.
Според написот, влијанието на Гренланд за покревање на морското ниво денеска е точно како во најпесимистичките предвидувања за иднината. Тоа значи дека кон крајот на овој век може да се очекува дополнително покачување на океанот за седум сантиметри само поради Гренланд. Тоа пак, значи и поголем ризик од поплави.
Во мигов, околу милијарда лица живеат на помалку од 10 метри над сегашните линии на одлив.
Од друга страна, пак, Аљаска веќе не е синоним на студ. Во Енкориџ – најгусто населениот град на оваа американска сојузна држава, на 4 јули беа измерени 32 Целзиусови степена.
Ново на Сител
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир