МПЦ-ОА ќе организира канонизација на игуменот свети Кипријан Слепченски
Првата свечена активност од програмата за одбележување на златниот јубилеј на Македонската православна црква-Охридска архиепископија – 50 години од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ-ОА ќе се одржи на 30 април кога во манастирот „свети Јован Претеча“ кај селото Слепче.
Со одлука на Светиот архиерејски синод, на 30 април во манастирот во Слепче ќе се одржи канонизација на игуменот свети Кипријан Слепченски, а во организацискиот дел вклучена е и општина Демир Хисар чиј градоначалник Љупчо Блажевски, денес во демирхисарското село Слепче, одржа средба со митрополитот преспанско пелагониски и администратор австралиско новозеландски г. Петар на која беа утврдени подготвителните активности во пресрет на големиот црковен настан.
- Во општината секојдневно сме посветени на претстојниот настан со кој ќе почне одбележувањето на големиот јубилеј на МПЦ-ОА. Денеска заедно со митрополитот г. Петар одржавме работна средба во манастирот свети Јован Претеча, ги разгледавме условите за пречек на гости, инфраструктурно уредување на просторот, пристапниот пат и други потреби кои може да ги организира и одржува локалната самоуправа. Неодамна одржавме состанок и со познатиот византолог од Центарот за истражување на културното наследство во МАНУ, професорот Сашо Цветковски, се договоривме како и на кој начин општината ќе помогне и ќе биде вклучена во големиот народен и црковен настан бидејќи се очекува голема посетеност, истакна градоначалникот Блажевски.
Канонизацијата на игуменот Кипријан Слепченски е закажана за 30 април затоа што на тој ден во 1780 година се упокоил монахот Кипријан Слепченски.
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред