Можноста да се одблокираат преговорите со ЕУ, како и за позициите на земјава во однос на таквите напори во фокусот на средбата Мицкоски-Туск
Премиерот Христијан Мицкоски на маргините од Смитот ЕУ-Западен Балкан вечерва во Брисел се сретна со полскиот премиер Доналд Туск со кого разговарале за можноста да се одблокираат преговорите со Унијата, како и за позициите на земјава во однос на таквите напори.
-Остварив средба со мојот колега, премиерот на Полска, Donald Tusk. Разговаравме за прашања поврзани со ЕУ, можноста да се одблокираат преговорите со Унијата, како и нашите позиции во однос на таквите напори. Разменивме мислења и за предизвиците со кои се соочува ЕУ, прашањето со Украина, како и искористувањето на можностите за продлабочена соработка меѓу двете пријателски држави, објави на неговиот официјален профил на фејсбук премиерот Мицкоски која ја предводи владината делегација на самитот.
Со ЕУ Самитот посветен на земјите од Западен Балкан, првпат претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Овој настан го привлекува вниманието на целата европска и балканска јавност, поставувајќи го регионалниот дијалог и европските перспективи на земјите од Западен Балкан како централни теми на дискусија. Под водство на Кошта, се очекува, Самитот да внесе нова динамика и визија во процесите за интеграција и регионална соработка.
Од 1 јануари 2025 година Полска го презема претседавањето со ЕУ.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола