Мостот Гоце Делчев или ќе падне или граѓаните ќе издржат додека се работи
Градоначалникот на Скопје изјави дека мостот Гоце Делчев ќе се реконструира околу 40 дена. По 13 години се преземаат активности за негова санација а метежот или ќе се издржи или мостото Гоце Делчев ќе падне. Се врши дилатација која не е направена 13 години. На мостот Гоце Делчев во наредните месец и половина ќе има посебен сообраќаен режим. Шилегов има веќе има друг план како ќе се решава градскиот метеж но тоа засега не е со кружни текови на раскрсницата кај Мавровка и за раскрницата кај Влада.
„Во овој момент се работи интезивно на изработка на коридорите, раскрсницата кај Владата ќе биде оптоварена со дополнителен сообраќај по изработката на тунелите а кај Мавровка, откако ќе влезе импактот од сообраќајот од булеварот АСНОМ преку Ќерамидница. Паралелно ги работиме мора да ги имаме тие анализи, анализи сообраќајни кои ги работиме се со проекции на 20-30 годишен сообраќај, но како ќе се движат тие работи така ќе ги вршиме паралелно.“
Градот Скопје купи 6 нови хибридни автомобили Тојота Јарис од 6,3 милиони денари. Последната набавка на возила била во 2013 година со автомобили Форд Фиести дизел кои се не еколошки возила. Потрошувачката на хибридни возила е 4,8 мииграи по километар а потрошувачкаа е 3,7 за километар со што ќе се прават по сериозни заштеди. Возилата се со 6 годишна гаранција или 200 000 км. И наредната набавка на возила ќе биде или хибрид или на електричен погон. Кон граѓаните упатуваме порака дека сите мораме да ја штитиме животната средина со што ако се следи овој пример ќе се намали загадувањето во градот што се предизвикува од гасовите кои ги испуштаат возилата. Дел од стариот возен парк ќе се употребува, дел ќе се даде на јавна лицитација.
На прашање дали тој го користи се уште електричниот тротинет, бидејќи на службените релации доаѓа со возач, тој вели дека тротинетот е паркиран пред неговата канцеларија и го користи од време на време.
Шилегов вели ќе продолжи со субвенции за граѓаните за електрични тротинети, дури и за потребите на градската администрација вели ќе обезбеди тротинети. „И за потребите на градската администрација, инспектори, ќе обезбедиме електрични тротинети за кратките релации кои ги имаат и за комуналните редари и инспектори. “
„Ако се придржувате на правилата, ако се движите по велосипедските патеки ги користите ги почитувате, тротинетот е совршено безбеден.“
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот