-->
-->
Москва: Руските сили ликвидираа над 200 џихадисти, кои се движеле кон Деир ал-Зур
-->

Руската борбена авијација ликвидираше над 200 борци од групата „Исламска држава“ за време на нивната предислокација во реонот на сирискиот град Деир ал-Зур, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва, пренесе ТАСС.
Бомбардери и армиска авијација од Воздушно-вселенските сили на Русија во нападот уништо над 20 автомобили, каде се наоѓале џихадисти, вооружени со големокалибарски оружја и минофрлачи, како и блиндирана техника, вклучувајќи тенкови. Повеќе од 200 борци, како и камиони за муниција, се ликвидирани, се наведува во извештајот.
Крај Деир ал-Зур „меѓународните терористи се обидуваат да се регрупираат и да го заштитат својот последен плацдарм во Сирија“, посочува руското министерство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тетовчанец превезувал седум мигранти од Египет, лишен е од слобода | ФОТО
-

Лишени од слобода тројца возачи поради алкохол и пребрзо возење
-

Захарова: Оставката на Јермак е ПР потег, нападот врз Каспискиот нафтовод е тероризам
-

Јаневска: Проблемот се „петките“ кај учениците го лоцираме кај родителите
-

Охриѓанка физички го нападнала сопругот
-

Присилно украден накит од 19-годишно девојче во Центар
-

17-годишно момче пријавено за исчезнато во Скопје
-

Во пресрет на посетата на Либан, папата Лав XIV отслужи миса во Ерменската катедрала во Истанбул
