Москва предупреди на „тенденција кон ескалација“ на ситуацијата во Северна Кореја
Русија денеска соопшти дека е сериозно загрижена поради ситуацијата во Северна Кореја, предупредувајќи на „тенденција кон ескалација“, откако Пјонгјанг лансираше ракета што прелета преку северниот дел на Јапонија и падна во Тихиот Океан, во близина на островот Хокаидо.
- Гледаме тенденција што води кон ескалација, и исклучително сме загрижени поради севкупниот развој на ситуацијата, изјави рускиот заменик-министер за надворешна политика Сергеј Рјабков.
Проценките на јужнокорејскиот Генерален штаб покажаа дека ракетата, што утрово ја лансираше Пјонгјанг, прелетала околу 2.700 километри и достигнала височина од околу 550 километри.
Јапонската Влада соопшти дека ракетата прелетала над Јапонија и паднала во Тихиот Океан, на околу 1.180 километри источно од градот Еримом, на северниот јапонски остров Хокаидо.
Јапонската телевизија „Ен-Ејч-Кеј“ јави дека ракетата се распаднала на три делови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна