„Мосак Фонсека“ соопшти дека е жртва на внатрешен хакерски напад
Панамскиот адвокат Рамон Фонсека, од чија адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ се разоткриени 11,5 милиони документи за перење пари и затајување данок од страна на богати и влијателни луѓе ширум светот, соопшти дека компанијата била жртва на внатрешен хакерски напад, додавајќи дека поднел тужба до обвинителството.
- „Мосак Фонсека“ е фирма специјализирана во создавање на офшор компании и таа не ги прекршувала законите, туку сите нејзини делувања се легални. Фирмата никогаш не уништувала никакви документи, ниту му помагала некому да прикрива финансиски средства, да не плаќа даноци или да пере пари, изјави Рамон Фонсека, еден од коосновачите на адвокатската фирма.
Панамскиот адвокат истакна дека електронски пошти на фирмата, од кои дел беа објавени во истражувањето на Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари и на други медиуми, биле извадени од контекст и погрешно толкувани.
Случајот „Панамски документи“ предизвика огорченост во цел свет со откривањето на начините како богатите и познати личности можат да прикриваат пари и да вршат даночни измами, додека огромен број луѓе се соочуваат со строги мерки и казни.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро