Монструозно злосторство: Татко го избодел своето бебе до смрт додека викал Исус доаѓа
Тексашката полиција го истражува мотивот кој се крие зад бесмислениот чин на насилство во кој маж викајќи бодел 16 месечно бебе до смрт во јавност, а тоа го направил и покрај обидот на наоружаните соседи да го сопрат.
Напаѓачот викнал пред своето дете да го убие со нож во заедничкиот дел од „Oak- Apartments“ во неделата, кажаа од полицијата во Левисвил, откако имале разговори со сведоците на страшниот инцидент.
- Според податоците кои ги имаме, обвинетиот излегол од станот и носел дете, викал многу гласно некои работи за религијата и „Исус доаѓа“, изјавил полицискиот капетан Џеси Хантер.
Момент подоцна, човекот го ставил синот на земја и го избодел неколку пати со мал нож. Еден од соседите, кои тек треба да биде идентификуван, се обидел да го спаси малото момче пукајќи три пати од неговиот балкон. Успеал да го погоди напаѓачот во нога како ефикасно би го завршил нападот на детето, кажал Хантер, најгласувајќи дека трагедијата е најверојатно најлоша во неговите 20 години работа во полиција.
Човекот и детето биле сместени во болница, а момчето набрзо им подлегнало на повредите. 27 годишниот татко, чие име не е соопштено, уапсен е по лекувањето. Вчера попладнето тој бил во затвор во градот Левисвил.
Влстите тек треба да му пишат обвинение на напаѓачот, во очекување на резултатите од токсикологија. Истрага е во тек.
Властите и понатаму се обидуваат да го пронајдат мотивот за нападот кој се случил додека мајката била на работа. Според полицијата, семејството немало историја со полициските служби или детските заштитни услуги.
Лицето кое пукало за да го запре нападот нема да се соочи со обвинение.
Ново на Сител
-
УНИЦЕФ: На 26.000 деца во Појасот Газа им е потребно лекување од акутна неухранетост
-
Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство, знае дека не можат да бидат обвинети
-
Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја
-
ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
-
Агресивно се однесувал кон полициски службеници, приведен 50-годишник
-
СВР Велес попладнево со нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Приведен 47-годишник, при претрес пронајдени стебла канабис | ФОТО
-
Почина холивудската икона Роберт Редфорд