УНИЦЕФ: На 26.000 деца во Појасот Газа им е потребно лекување од акутна неухранетост
Над 10.000 деца во градот Газа имаат потреба од лекување од акутна неухранетост, соопшти УНИЦЕФ, пренсен од „Тајмс оф Израел“.
- Масовното раселување на семејствата од градот Газа претставува смртоносна закана за најранливите, рече Тес Инграм, портпаролка на УНИЦЕФ во хуманитарната зона Ал-Маваси во јужна Газа.
Во телевизиски брифинг во ОН во Женева, Инграм предупреди за влошување на стапките на неухранетост кај децата.
- Проценуваме дека во моментов 26.000 деца во Појасот Газа имаат потреба од лекување од акутна неухранетост, вклучувајќи повеќе од 10.000 само во градот Газа, рече таа.
Таа објасни дека во минатиот месец повеќе од едно од осум деца прегледани во Појасот Газа имале акутна неухранетост, што според неа е „највисокото досега забележано ниво“.
„Тајмс оф Израел“ објави дека во градот Газа тој сооднос бил едно од пет деца.
Центрите за храна во градот Газа „беа принудени да се затворат оваа недела поради наредбите за евакуација и воената ескалација“, додаде Инграм.
Израел ги оспорува тврдењата за глад во Појасот Газа, а израелските вооружени сили велат дека оние што се евакуираат на југ кон областа Ал-Маваси вио неа ќе најдат храна, шатори и лекови.сд/
Израел продолжува да ги повикува цивилите од градот Газа да се евакуираат во безбедна зона, проценувајќи дека околу 40% од милион жители досега ја напуштиле. Сепак, претставници на Обединетите нации проценуваат дека бројот е околу 150.000.
МИА
Ново на Сител
-
УНИЦЕФ: На 26.000 деца во Појасот Газа им е потребно лекување од акутна неухранетост
-
Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство, знае дека не можат да бидат обвинети
-
Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја
-
ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
-
Агресивно се однесувал кон полициски службеници, приведен 50-годишник
-
СВР Велес попладнево со нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Приведен 47-годишник, при претрес пронајдени стебла канабис | ФОТО
-
Почина холивудската икона Роберт Редфорд