Монструм - Го убил девојчето поради невозвратена љубов
Судот во Зајачар го осуди со правосилна пресуда пензионерот Чедомир Ѓуриќ (67) на четириесет години затвор бидејќи на 8 декември минатата година ја убил осумнаесет годишната Драгана Ќириќ. Ѓуриќ го признал злочинот, на судот раскажал како во девојката бил платонски заљубен но никогаш не ја ни бакнал, а до тоа дошло бидејќи и бил љубоморен на Драгана зошто се гледала со нејзиното момче. Обдукцијата покажала дека стариот Ѓуриќ најпрво ја тепал девојката во својата кола, каде со измама ја одвезол надвор од градот.
Потоа и сипал киселина во уста и ја задавил. Телото и го фрлил во езеро во близина на селото Глоговица, каде полицијата подоцна го пронашло. Во колата на осудениот Ќириќ пронајдена е ДНК од девојката и прамени од коса која и ја искубал при нападот.
Тие двајца се познавале од претходно, а Ѓуриќ изјавил дека имале договор за доживотно издржувње каде што Драгана би го наследила целиот негов имот. Тој изјавил дека и давал дел од пензијата. Меѓутоа, осомничениот бил лудо заљубен во девојката. Исто така изјавил дека меѓу нив никогаш не се случило ништо, дури немало ни бакнеж, и дека ја убил од љубомора.
Ново на Сител
-
Православните верници го слават празникот Успение на Пресвета Богородица
-
Премиерот во посета на РЕК Битола по повод Денот на рударите
-
Мицкоски: За една година го зголемивме двојно реалниот пораст на платите
-
Отворена е нова канцеларија за е-услуги во Свети Николе
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции