Моншален: Процесот на проширување на ЕУ каков што е сега не функционира
Француската министерка за Европа, Амели де Моншален, пред почетокот на денешниот Совет за општи работи на ЕУ го бранеше ставот на Париз за реформа на преговарачкиот процес и посочи дека тој не функционира каков што е сега.
– Ние не ги менуваме правилата сред игра што започнала, гледаме дека процесот не функционира затоа што е екстремно бавен за тие кои учествуваат во него. Процесот не е политички раководен, има автоматизам и народите пред се не се пронаоѓаат во него. Гледате колкава емиграција има, колкав одлив на мозоци од Србија, Црна Гора, и пред нив Бугарија, Романија и Хрватска кога преговараа, изјави Моншален утрово во Брисел.
Франција пред неколку недели поднесе предлози за реформа на преговарачката методологија до другите земји членки за да се отвори дебата во рамките на Унијата и смета дека овој предлог ќе ги направи поефикасни преговорите за членство во ЕУ.
– Сакаме да видиме приближување на економско, социјално, културно поле, а не само на правно поле, рече Моншален
Таа додаде дека сегашниот процес не гарантира спречување на мешање на странски сили.
– Тие што велат дека е одговор на мешањето на странските сили, ние велиме дека одговорот на тоа мешање не е во воведувањето правила за тоа како да се вработуваат функционери и како да се организираат јавните набавки, затоа што во меѓувреме странските сили инвестираат, треба зближување и развој во земјоделството, индустријата, универзитетите, можеме да се занимаваме со администрација, но тоа не ги задоволува локалните населенија. Се сложуваме дека тоа што е започнато во Србија и Црна Гора е легитимно, но содржи слабости, додаде француската министерка.
Таа тврди дека Франција неколку месеци работи на новата методологија и се надева дека денешната дискусија во Брисел ќе биде „спокојна“, за разлика од онаа во октомври.
Според Моншален, Данска и Холандија се на линија на Франција во оваа дебата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата
-
Никако да се стави крај на нелојалната конкуренција